а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

музика

(едн.) музиката
Вид збор: Именка, женски род
1. Уметност изразена преку тонови, тонска уметност.
Англиски: music Албански: muzikë
Употреба: Музика и танц
Примери:
вокална музика
инструментална музика
тивка музика
духовна музика
народна музика
класична музика
2. Тонска уметност и нејзината теорија како училиштен предмет.
Англиски: music Албански: muzikë
Употреба: Образование
Примери:
Го запишаа на музика.
Студира музика.
3. музички оркестар
Англиски: band Албански: orkestër
Употреба: Музика и танц
Примери:
воена музика
Штом си замина музиката, почнаа да си одат и гостите.
4. мелодија, ноти, партитура
Англиски: score Албански: muzikë
Употреба: Музика и танц
Примери:
музика и текст
5. (мн. музики) усна хармоника
Англиски: harmonica Албански: harmonikë
Употреба: Музика и танц
Примери:
Hа Колета му донеле музика.
Вечер ќе свири на музиката.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи