а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мува

мн. муви
Вид збор: Именка, женски род
1. Инсект од родот двокрилци, со многу подвидови.
Англиски: fly Албански: mizë
Употреба: Зоологија
Примери:
Муви го лазат месото, ќе го наплукаат.
Го облетуваа роеви муви.
2. Дисциплини (категорија) во боксот и во борењето.
Англиски: flyweight Албански: kategori mizë në boks dhe mundje
Употреба: Спорт
Примери:
Мува категорија.
3. Пчела, назив за одделен инсект.
Англиски: bee Албански: emër për insekt të caktuar
Употреба: Дијалектен збор
Изрази
Домашна мува - Musca domestica.
Коњска мува (Hypohosca equina) - мува што го напаѓа крупниот добиток, коњите, магарињата и сл.
Му брчат муви во главата - (има) му се мешаат чудни, налудничаво мисли, идеи.
Си ја има мувата на капата - има грижа на совеста, има нечиста совест.
Како мува без глава (трча, оди, работи) -несвесно, во големо брзање, панично.
Од мува прави слон - претерува, преувеличува нешто.
Мува да прелета ќе се чуе - многу е тивко.
Мува не го лази - од ништо нема гајле, отпорен е на сите критики.
Изведенки
мувичка ж.
мн. мувички
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи