а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мрк

мркиот
Вид збор: Придавка
1. Со боја меѓу жолта и црна или сива и црна, темножолт или темносив.
Примери:
Над реката стоеја надвиснати голите карпи, напластени со мрк, жолт и црвен варовник.
2. мрачен, темен
Англиски: dark
Примери:
Во планина мрка гроб нека ме скрие.
Небото се покри со мрк, сив превез.
3. Лут, нал намуртен.
Англиски: sullen
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мрките ускоци проникнаа во долината.
Тој остана мрк и отсутен.
Изведенки
мрко прил.
Пример: Мрко го погледна.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи