а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мрежа

мн. мрежи
Вид збор: Именка, женски род
1. Предмет од вкрстени нишки, конец, жица, обично исплетен на еднакви окца.
Англиски: net Албански: rrjet
Примери:
плете мрежа
2. Направа од цврст конец која служи за ловење (риби, птици, дивеч, пеперутки).
Англиски: net Албански: rrjetë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ѕверот се фати во мрежата.
Мрежа против комарци.
рибарска мрежа
Мрежите се наполнија со најразлични птици.
3. Преграда која ги разделува двете половини од просторот за играње; завеса на голот што ја задржува топката.
Англиски: net Албански: rrjetë
Употреба: Спорт
Примери:
Топката ја затресе мрежата.
4. Замка од нитки на пајажина со чија помош пајакот го лови пленот.
Англиски: cobweb Албански: pëlhurë merimënge
Примери:
пајакова мрежа
5. Назив за други разни предмети направени на таков начин.
Англиски: net Албански: rrjetë
Примери:
мрежа за спиење
Носеше мрежа со нешто завиткано во неа.
Во рацете носи мрежа со леб.
Ја пресече телената мрежа и влезе во дворот.
Косата ѝ беше собрана во свилена мрежа.
Престана да спие во мрежата.
6. Систем од патишта, железнички линии, кабелски врски, канали; систем од испреплетени (нацртани или замислени) линии.
Англиски: network Албански: rrjet
Употреба: Технологија
Примери:
компјутерска мрежа, безжична мрежа
железничка мрежа, патна мрежа
водоводна мрежа, електрична мрежа
телефонска мрежа
7. Организација раширена на определена територија и лицата кои ги опфаќа.
Англиски: network Албански: rrjet
Употреба: Економија
Примери:
Создава мрежа на свои соработници.
Беше организирана мрежа од комитети.
8. Систем од еднородни установи.
Англиски: network Албански: rrjet
Примери:
трговска мрежа
училишна мрежа
9. Болест на очите.
Англиски: glaucoma Албански: glaukomë
Употреба: Медицина
Примери:
Очите ми фатија мрежа.
Изрази
Го (ја) фати во мрежа - го (ја) примами, го (ја) потчини, го (ја) вовлече во своите работи.
Изведенки
мрежичка ж.
мн. мрежички
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи