а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мрда

мрдаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави кратки движења со нешто.
Англиски: move Албански: lëviz
Примери:
Мрда со рацете.
Ги мрда рамената.
Усните му мрдаа, но глас не излегуваше од нив.
Стариот не мрдаше со ништо.
Мрдаше со опавчето.
2. се поместува; се преместува
Англиски: move Албански: zhvendoset
Примери:
Не мрдам одовде.
Се притаивме, не мрдаме.
Неговата сенка мрдаше меѓу сенките на глоговите.
Мрдаат лисјата.
Мрда како живо.
3. Преместува, поместува нешто.
Англиски: move Албански: zhvendos
Примери:
Не мрдај го столот.
Мрдај го кралот.
4. Ја избегнува вистината, заобиколува; избегнува некоја обврска.
Англиски: excuse Албански: justifikohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кажи како беше, не мрдај.
Решението е донесено, не може да мрда.
5. (се мрда) се движи, се преместува
Англиски: move Албански: lëviz
Примери:
Устата ѝ се мрда, но глас не се слуша.
Изрази
Ич око не ми мрда - не се плашам од тоа.
Не мрда со прст - не сака ништо да направи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи