а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мој

Види и: јас (зам.)
мои
Вид збор: Придавка
1. (зам. прид.) Заменска придавка со посвојно значење - што ми припаѓа мене.
Англиски: my Албански: i imi
Примери:
Моите деца се понемирни од твоите.
2. (зам. прид.) Што ми е познат, близок.
Англиски: my Албански: i afërt
Примери:
мојот учител
мојот пријател
3. (зам. прид.) Што ми е близок по роднинcка линија.
Англиски: my Албански: i afërt
Примери:
Моите се вратија од летување.
4. (зам. прид.) Што е во некој однос поврзан со мене.
Англиски: my Албански: i imi
Примери:
мое село
моја партија
Изрази
Во мое време - кога сум бил млад, активен, на власт, на одредена должност.
Пак дојде на моето - испадна како што ти кажав.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи