а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мотив

мн. мотиви
Вид збор: Именка, машки род
1. Повод, поттик, причина за извршување на некоја активност.
Англиски: motive Албански: motiv
Примери:
Мотивите за неговото однесување се нејасни.
Обвинителот ги бара мотивите за злосторството.
2. Повторлив тематски елемент во уметноста, изворна уметничка мисла.
Англиски: motif Албански: motiv
Употреба: Уметност
Примери:
Љубовен мотив.
Народното творештво изобилува со најразлични мотиви.
3. Шара, нацрт, фигура (во везот).
Англиски: motif Албански: motiv
Примери:
Фустан cо фолклорни мотиви.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи