а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мост

мн. мостови
Вид збор: Именка, машки род
1. Градежен објект што сврзува два брега, разделени од река, дол, пропаст и служи како премин.
Англиски: bridge Албански: urë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
камен мост, дрвен мост
подвижен мост, железнички мост
2. Тоа што поврзува, врска.
Англиски: connection Албански: urë, lidhje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој изгради мост меѓу двете култури.
3. Метална врска меѓу два заба, за која се прицврстуваат вештачки заби.
Англиски: bridge Албански: urë
Употреба: Медицина
4. Вид гимнастичка вежба.
Албански: urë
Употреба: Спорт
Изрази
Воздушен мост - воспоставена врска со технички средства преку воздух со населено место или подрачје во кое не може да се стигне по сувоземен или воден пат.
Понтонски мост - мост што се состои од носечки елементи што пливаат на вода, обично за привремена употреба.
Ги сруши сите мостови зад себе - не остави место за повлекување, за враќање на старата состојба.
Изведенки
1. мовче ср.
мн. мовчиња
дем.
2. мосте ср.
мн. мостиња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи