а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

морски

морскиот
Вид збор: Придавка
1. Што се однесува на море.
Албански: i deti, detare
Употреба: Географија
Примери:
морска вода
морска сол
морска милја
морска теснина
морски струи
2. Што му припаѓа на морето.
Албански: i detit, detarë
Примери:
морски брег
морски бранови
морско дно
морска површина
3. Што се наоѓа крај море.
Албански: detare, bregdetare
Употреба: Географија
Примери:
морско летувалиште
морско пристаниште
4. Што му е својствено на морето.
Албански: i detit
Примери:
морски воздух
морски ветар
5. Што живее во морето; составен дел од имињата на многу животни и растенија - обично со значење дека се наоѓаат во морето или на морскиот брег.
Албански: i detit
Примери:
морски риби
Изрази
Морска болест - мачнина предизвикана од нишањето на брод предизвикано од морски бранови.
Морски плодови - мешана морска храна што cе состои најчесто од школки, ракчиња, лигњи и сл.
(зоол.) Морска ѕвезда - морски иглокожни животни најчесто со пет краци со голем број видови; Asteroidea.
(зоол.) Морска видра - најмал морcки цицач што живее и се храни во морето; Enhydra lutris.
Морско коњче - риба чиј горен дел личи на глава од коњ, плива во вертикална положба, се храни со планктон, со подвижна опашка со која се прицврстува за дното, разни треви и алги; Hipросampus guttulatus.
(зоол.) Морско куче - ајкула.
(зоол.) Морски лав - морски цицач слично на фока, но со јасно изразени ушни школки; Otaria byronia; Zalphus californianus; Eumetopias jubata.
(зоол.) Морски слон - морски цицач со голем нос што потсетува на сурлата на слонот; Mirounga leonina.
Морска пена - стиропор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи