а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

морален

моралниот
Вид збор: Придавка
1. Што се однесува на морал.
Англиски: moral
Примери:
Морални норми.
Морални дилеми.
Морални поуки.
Морална одговорност.
Морални вредности.
Морална победа.
2. Што се придржува кон моралните правила; што има висок морал.
Англиски: moral
Примери:
Морален човек.
Морална личност.
3. Што има врска со духовниот и интелектуалниот живот на човекот.
Англиски: spiritual
Примери:
Морален лик.
Морални побуди.
Морално поведение.
Морална cила.
Изведенки
1. морално прил.
Во морална смисла, во духот на моралот.
Пример: Таа те запустува морално.
2. моралност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи