а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

момче

мн. момчиња
Вид збор: Именка, среден род
1. Дете од машки пол.
Англиски: boy Албански: djalë
Примери:
Две момчиња си играа во дворот.
мало момче
2. Лице од машки пол во преодна возраст од детство кон зрелост.
Англиски: boy Албански: djalë
Примери:
Момчето полнеше шеснаесет години.
Момчето ги отвори очите и го бараше татка си.
3. Младич, млад маж.
Англиски: bachelor Албански: beqar
Примери:
голобрадо момче
Бевме сиромашни млади момчиња.
стројни момчиња
срамежливо момче
4. свршеник, младоженец
Англиски: fiancé Албански: dhëndër
Примери:
Свадбата продолжува кај момчето.
5. сопруг, маж
Англиски: husband Албански: burrë, bashkëshort
Употреба: Разговорно
Примери:
Момчето ѝ е на печалба.
Момче се спрема на гурбет да оди, млада невеста пред коња стои.
Изведенки
1. момченце ср.
мн. момченца
дем. и хип.
2. момчуле ср.
мн. момчулиња
дем. и хип.
3. момчиште ср.
мн. момчишта
аугм. и пејор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи