а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

моли

молат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Се обраќа некому со молба, бара од некого да направи нешто.
Англиски: beg Албански: lutem
Примери:
Го молев да ме прими на разговор.
Го молев да ми прости.
2. (само во 1 л.) При учтиво обраќање.
Англиски: ask Албански: pyes
Примери:
Ве молам, седнете!
3. Како одговор на заблагодарување.
Англиски: thank Албански: falënderoj
Примери:
Благодарам! - Молам!
4. Како прашање кога нешто не е јасно или не е слушнато добро.
Англиски: excuse Албански: kërkoj ndjesë
Примери:
Молам?
5. (се моли) Прави молитва.
Англиски: pray Албански: lutem
Употреба: Религија
Примери:
Се молеше на Господ за здравје.
6. (се моли) Покорно моли.
Англиски: beg Албански: lutem
Примери:
Му се молеше за милост.
7. (се моли) замоли
Англиски: please Албански: ju lutem
Примери:
Ви се молам!
8. За молец - гризе ткаенини, волна и сл.
Употреба: Зоологија
Изрази
Моли, коли - едвај нешто се направило, со многу молење.
Сила бога не моли - тој што е моќен, прави што сака.
Изведенки
молење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи