а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

модел

мн. модели
Вид збор: Именка, машки род
1. Образец, калап по кој се прават предмети.
Англиски: model Албански: model
2. макета
Англиски: model Албански: maketë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Модел на градскиот плоштад.
3. Определен стил, вид, конструкција на некој производ.
Англиски: model Албански: model
Примери:
Најнов модел на автомобил.
4. Геометриски цртеж, шема или опис на некоја појава или на процес.
Англиски: model Албански: model
Употреба: Математика
Примери:
Математички модел.
5. Лице што позира пред сликар или пред скулптор при изработката на уметничко дело.
Англиски: model Албански: model
Употреба: Ликовна уметност
6. манекен
Англиски: mannequin Албански: manekin
FlexiMac
 менување на македонски глаголи