а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

млеко

мн. млека
Вид збор: Именка, среден род
1. Бела хранлива течност од градите на жена или од животни цицачи што служи за исхрана на младите и за исхрана воопшто.
Англиски: milk Албански: qumsht
Употреба: Зоологија , Гастрономија
Примери:
мајчино млеко
кравјо млеко
овчо млеко
козјо млеко
2. Растителен сок сличен на млеко.
Англиски: sap Албански: qumësht
Употреба: Ботаника , Преносно значење
Изрази
Кисело млеко - густо млеко што се добива со ферментација.
Мед и млеко - како во рај.
Уште мириса на млеко - уште е млад, несозреан.
Од пиле млеко - има сѐ.
Изведенки
млекце ср.
мн. млекца
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи