а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мириса

мирисаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Испушта мирис.
Англиски: smell Албански: lëshoj erë
Примери:
Цвеќињата мирисаат.
2. Вдишува мирис.
Англиски: smell Албански: marr erë, nuhas
Примери:
Го мирисаше цвеќето.
3. Се чувствува мирис на нешто.
Англиски: smell Албански: vjen erë
Употреба: Безлично
Примери:
Во собата мирисаше на босилек.
Изрази
Ни лук јал, ни на лук мирисал - се вели за тој што се прави или што треба да се направи дека ништо не знае.
Не ми мириса на добро - претчувство дека некоја работа нема добро да заврши.
Не се мирисаат еден со друг - не се поднесуваат.
Мириса на барут - се чувствува воена опасност.
Некој мириса на млеко - уште е многу млад.
Некој мириса на земја - многу е болен, е на умирање.
Изведенки
мирисање ср.
глаг. им.
Израз: Не е цвеќе за мирисање - човек со лош карактер.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи