а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мине

минат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Се движи, врви, поминува покрај некого или нешто.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Минавме покрај нејзината куќа.
Сношти минав покрај тебе.
2. За пат, патека - врви, поминува.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Патот мине низ планината.
3. преминува, преоѓа
Англиски: cross Албански: kaloj, kapërcej
Примери:
Мина на другиот брег од реката.
4. За време - поминува, завршува.
Англиски: pass Албански: kaloj, shkoj
Примери:
Минаа годините.
Мина младоста.
5. За болест - заврши, помина.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Мина настинката.
6. Преоѓа, преминува нешто од еден на друг.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Мојот имот мина во негови раце.
7. Одмине, одминува, помине, поминува.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Го минавме селото.
8. Се одвие, се одвива успешно.
Англиски: pass Албански: kaloj
Примери:
Добро мина на испитот.
9. Живее извесен период, престојува некаде.
Англиски: stay Албански: kaloj, qëndroj
Примери:
Мина две години во затвор.
Изведенки
1. минува несв.
минуваат
2. минување ср.
глаг. им.
3. минење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи