а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

механизам

мн. механизми
Вид збор: Именка, машки род
1. Внатрешен склоп составен од делови при што со придвижување на еден дел се предизвикува придвижување и на останатите делови по одреден ред.
Англиски: mechanism Албански: mekanizëm
Примери:
Механизам на часовник.
2. Внатрешна структура на нешто, збир од закономерности што го определуваат редот, постапката на извршувањето на некое дејство или процес.
Англиски: mechanism Албански: mekanizëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ако сакаш да успееш, треба да го сфатиш механизмот по кој се работи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи