а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мести

местат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Доведува во ред, става на соодветно место.
Англиски: arrange Албански: rregulloj
Примери:
Жената ги местеше креветите.
Девојчето ја местеше собата.
2. Прередува од едно место на друго.
Англиски: rearrange Албански: rivendos
Примери:
Само ги мести книгите од едно на друго место.
3. (се мести) Зазема место, седнува на некое место.
Англиски: seat Албански: zë vend
Примери:
Секое попладне се местеше на фотелјата пред телевизорот.
4. (се мести) де преместува
Англиски: move Албански: zhvendos
Примери:
Се местеше од едниот кревет на другиот.
5. (се мести) Се обидува да дојде до некоја позиција, место и сл.
Англиски: position Албански: pozitë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се мести за директор.
Изведенки
местење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи