а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

месо

мн. меса
Вид збор: Именка, среден род
1. Мускулно ткиво на човек или животно што ги покрива коските.
Англиски: flesh Албански: mish
Употреба: Медицина
2. Мускулно ткиво од животно што служи како храна.
Англиски: meat Албански: mish
Употреба: Гастрономија
Примери:
говедско месо
свинско месо
пилешко месо
3. Мек и сочен дел од плод.
Англиски: flesh Албански: mish, tul
Примери:
Јадеше праски со црвено месо.
4. Откриен дел од телото што обично е покриен со облеката.
Англиски: nakedness Албански: lakuriqësi
Примери:
Прибери се, да не ти се гледаат месата.
Изрази
Диво месо - тумор.
Живо месо - отворена рана.
Дебело месо - задник.
Топовско месо - војници што се изложуваат на непријателски оган.
Човекот е од крв и од месо - човекот има и доблести и слабости.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи