а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мери

мерат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Определи големина, размер, количество на нешто.
Англиски: measure Албански: mat
Примери:
Ја мери должината на собата.
Мери со линијар.
Мери на вага.
2. Определи степен, силина, броен износ на нешто.
Англиски: measure Албански: mat
Употреба: Физика
Примери:
Мери притисок.
Мери температура.
3. Оценува, внимателно набљудува.
Англиски: watch Албански: mat
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го мереше неговиот однос за да му возврати на ист начин.
4. (се мери) Определува своја тежина, висина.
Англиски: weigh Албански: mat, peshoj
Примери:
Се мереше на вага.
5. (се мери) се споредува
Англиски: compare Албански: matet, krahasohet
Примери:
Никој не може да се мери со него.
Се мереа кој е повисок.
Изведенки
мерење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи