а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мера

мн. мери
Вид збор: Именка, женски род
1. Единица за определување некоја големина (должина, ширина, површина).
Англиски: measure Албански: masë
Примери:
мера за должина
2. Сад за мерење течност, зрнест и друг материјал.
Англиски: measure Албански: masë, matje
Примери:
Му дадов пет мери жито.
3. Количество или степен од нешто што се мери.
Англиски: quantity Албански: masë, kuantitet
Примери:
Му краде од мерата.
4. Димензии од телото земени за изработка на облека и чевли.
Англиски: size Албански: masë
Примери:
Му зеде мера за палто.
5. определена граница
Англиски: limit Албански: masë. kufi
Примери:
Лош е без мера.
Тие се добро воспитани и знаат со мера да се однесуваат.
Пие со мера.
6. мерило
Англиски: estimate Албански: masë, matje
Употреба: Преносно значење
Примери:
По човечка мера.
7. Cлободна земја оставена за пасиште.
Англиски: grassland Албански: kullotë
Употреба: Земјоделство
FlexiMac
 менување на македонски глаголи