а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мегдан

мн. мегдани
Вид збор: Именка, машки род
1. Плоштад во населено место.
Англиски: square Турски: meydan Албански: shesh, mejdan
Употреба: Архаизам , Архитектура и градба
Примери:
На мегданот се собра многу народ.
2. Празен простор, широчина, поле.
Англиски: field Албански: shesh, fushë
Употреба: Архаизам
Примери:
Овците ги остави на мегданот.
3. Место каде што се води борба.
Англиски: battlefield Албански: sheshlufte
Употреба: Архаизам , Воен термин
Примери:
На мегданот имаше многу мртви војници.
4. двобој, борба
Англиски: duel Албански: duel, dyluftim
Употреба: Архаизам
Примери:
Излегоа на мегдан за да си ја мерат силата.
Изрази
Излезе/вади нешто на мегдан - разгласи, разоткрие нешто.
Дели мегдан со некого - се бори со некого.
Излезе на мегдан со некого - cе спротивстави.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи