а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мати

матат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави нешто да биде матно.
Англиски: cloud Албански: turbulloj
Примери:
Како стапнуваше во потокот, ја матеше водата.
2. меша
Англиски: stir Албански: përzien
Примери:
Жената ги матеше јајцата.
Млекарот го матеше млекото.
3. лаже, мами
Англиски: swindle Албански: mashtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги матеше сите со неговите приказни за наследството.
4. (се мати) Ми (ти, му, ѝ, им) cе заматува погледот, ми се врти во умот, имам вртоглавица.
Англиски: vertigo Албански: marrëmendje
Употреба: Медицина
Примери:
Ми се мати во главата.
Ми се матат мислите.
5. За птица - веде пилиња лежејќи на јајца.
Англиски: hatch Албански: kurdis
Употреба: Зоологија
6. За змија - испилува змиулчиња од јајца.
Англиски: hatch Албански: kurdis
Употреба: Зоологија
Изрази
Ја мати водата - внесува несогласувања, прави проблеми.
Изведенки
матење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи