а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

маса

мн. маси
Вид збор: Именка, женски род
1. Парче мебел што се состои од рамна плоча поставена на четири ногалки.
Англиски: table Турски: masa Албански: tavolinë, tryezë. masë
Примери:
маса за јадење
маса за пишување
2. Неодредено, необликувано количество од некој материјал.
Англиски: mass Албански: masë
Примери:
пластична маса
керамичка маса
3. Вкупно количество од нешто.
Англиски: quantity Албански: sasi
Примери:
Овие пари ќе влезат во масата средства наменети за развој.
4. Големо количество од нешто.
Англиски: mass Албански: masë
Примери:
Ни останаа маса нерешени проблеми.
5. Толпа, множество луѓе.
Англиски: crowd Албански: turmë
Примери:
Маса луѓе се собраа на плоштадот.
6. (обично во мн.) Голем број луѓе, народ.
Англиски: masses Албански: masa
Примери:
широки народни маси
7. Во правото – одреден имот.
Англиски: assets Албански: pronë
Примери:
оставинска маса
стечајна маса
8. Мера за инерција на едно тело, единица за маса е грам и килограм во интернационалниот систем на мерки; тежина на телата при мирување.
Англиски: mass Албански: masë
Употреба: Физика
Изрази
Тркалезна маса - дискусија, дебата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи