а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мал

мали
Вид збор: Придавка
1. Што е незначителен по размер или по количество.
Англиски: small Албански: i vogël
Примери:
Мала куќа.
Мал имот.
Мала река.
Мал народ.
2. Што е незначителен, на кој не му се придава важност.
Англиски: insignificant Албански: i parëndësishëm
Примери:
Мала работа.
3. Што е млад.
Англиски: young Албански: i ri
Примери:
Мало дете.
Уште од мал сакаше да биде учител.
Изрази
Мало стопанство - занаетчиство (во однос на големите индустриски капацитети).
Мал фудбал -(спорт.) - фудбал на помало игралиште од вообичаеното.
Мал човек - обичен човек што живее скромно од својата работа, без пошироко влијание.
Мала Богородица - христијански празник што се cлави на 21 септември во чест на раѓањето на Богородица.
Мала Мечка - соѕвездие; спротивно Голема Мечка.
Мали сипаници - заразна болест, морбили.
Мал прст - крајниот прст, спротивно на палецот.
На малиот прст не може да му се фати - помалку е вреден од некого.
Изведенки
малост ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи