а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

магла

мн. магли
Вид збор: Именка, женски род
1. Згусната водена пареа што се создава ниско во атмосферата и ја намалува видливоста.
Англиски: fog Албански: mjegull
Примери:
Од густата магла не можеше да си го најде патот за дома.
2. Нешто што личи на магла, облак, прашина, чад.
Англиски: dust Албански: pluhur
Примери:
Работниците креваа магла на градилиштето.
Не кревај магли, правови.
3. Нешто што пречи за да се видат јасно нештата, нејаснотија, темнина.
Англиски: fog Албански: mjegull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Магла ми е пред очите.
Изрази
Ветер и магла - бесмислено, бесполезно, излишно.
Фати магла - избега.
Фрла магла - сака да ги замагли работите.
Изведенки
маглиште м.
ауг.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи