а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

мавне

мавнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Удри, зададе удар.
Англиски: hit Албански: godet
Примери:
Го мавна со тупаница по лицето.
2. Фрли нешто, удри cилно.
Англиски: throw Албански: hudh
Примери:
Пијаниот силно го мавна шишето во ѕидот.
3. (се мавне) се удри
Англиски: hit Албански: godet
Примери:
Човекот силно се мавна со раката по чело.
4. Направи еднократно движење со рака или со нешто.
Англиски: wave Албански: bëj me dorë
5. (се мавне) се истави, го снема
Англиски: disappear Албански: zhduket
Примери:
Детето се мавна од собата и излезе надвор.
Мавни ми се оттука!
Изведенки
1. мавнува несв.
(се) мавнуваат
повт.
2. мавнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи