а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лут

лути
Вид збор: Придавка
1. Силно гневен, раздразнет, налутен.
Англиски: angry Албански: i zemëruar, i inatosur, i hidhëruar
Примери:
Си идел дома лут.
Лут е на брат му.
2. Што лесно се лути, што е лош.
Англиски: evil Албански: i zemëruar, i keq
Употреба: Народна поезија
Примери:
лута свекрва
Има лути браќа.
3. Што е опасен, свиреп.
Англиски: bloodthirsty Албански: i keq,
Употреба: Народна поезија
Примери:
лута змија
Двете јатрви, лути кучки биле.
4. За борба - жестоко, сурова, тешка.
Англиски: heavy Албански: i ashpër
Употреба: Народна поезија
Примери:
лут бој
5. За оружје - што е остро, што добро сече, убива.
Англиски: sharp Албански: i mprehtë
Употреба: Народна поезија
Примери:
Го погоди лута стрела.
Го пресече лут нож.
6. Што е без мера во своите постапки, што се оддава на нешто со голема страст.
Англиски: passionate Албански: zjarrtë
Употреба: Народна поезија
Примери:
лут бекрија
7. Што ги надразнува органите за вкус и мирис.
Англиски: hot Албански: djegës, pikant
Примери:
лут пипер
лута ракија
Лутата храна делува како лек.
8. За рана, болест - што е тешка, опасна за живот.
Англиски: dangerous Албански: e rëndë
Примери:
лута рана
лута треска
9. За време - што е непријатно студено, остро.
Англиски: sharp Албански: i ashpër
Примери:
лута зима
лута осојница
Лута слана.
10. За камен, челик - што е тврд, но кршлив.
Англиски: hard
Примери:
лут камен
лута ламарина
11. За клетва - што е тешка.
Англиски: serious Албански: i rëndë
Примери:
лута клетва
FlexiMac
 менување на македонски глаголи