а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лути

лутам
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Пржи, гори, пали (на јазик, на кожа, на очи).
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Пиперките, што ги лупев денес, лутат.
Од овој кромид очите многу ми лутат.
2. Прави некого лут, предизвикува кај некого лутина, гнев, бес.
Англиски: anger Албански: hidhëron
Примери:
Недисциплината најмногу го лутеше наставникот.
Го лути уличната врева.
3. (се лути) Се нервира, се гневи, станува лут.
Англиски: anger Албански: hidhërohet
Примери:
Се лути за секоја ситница.
Се лутам на тебе што не дојде на средбата.
4. (се лутат) Се лутат еден со друг.
Англиски: anger Албански: hidhërohet
Примери:
Двајцата другари се лутат заради нерасчистените работи.
Изведенки
лутење ср.
лутењето
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи