а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лута

лутаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Оди без цел, скита.
Англиски: wander Албански: end, bredh
Примери:
Лута по улиците на градот.
Лутаа сами во ноќта.
2. За очи, поглед - се пренесува од еден предмет на друг.
Англиски: stray Албански: end
Употреба: Преносно значење
Примери:
Погледот му луташе.
Лута со очите.
3. Нема сигурност во определбата, се колеба, се двоуми.
Англиски: doubt Албански: hamendem
Примери:
Лекарот луташе додека ја постави точната дијагноза.
Студентот луташе по материјалот додека го најде вистинскиот одговор на прашањето.
Изведенки
лутање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи