а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

луле

мн. лулиња
Вид збор: Именка, среден род
1. Направа за пушење која се соcтои од цевка, чибук (низ кој поминува димот) и вдлабнат проширен дел каде што согорува тутунот.
Англиски: pipe Турски: lüle Албански: llullë e vogël, çibuk
Примери:
Пуши луле.
Го наполни лулето и го запали.
2. Назив на дел од казанот за ракија во форма на извиена цевка.
Англиски: pipe Албански: gyp, tubë
3. Назив на дел од воденицата во форма на извиена цевка.
Англиски: water pipe Албански: tub uji
4. Назив на ќунци на шпорет на цврсто или течно гориво.
Англиски: stovepipe Албански: qyngj
Изрази
Луле на мирот - симбол на пријателство.
Изведенки
луленце ср.
мн. луленца
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи