а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

луд

луди
Вид збор: Придавка
1. Што е умствено растроен, душевно болен.
Англиски: mad Албански: i marrë, i çmendur, i krisur
Употреба: Медицина
Примери:
луд човек
Лудите ги сместија во лудница.
2. Што постапува непромислено, неразумно.
Англиски: unreasonable Албански: i marrë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Луд е што прави така.
Тој е луд штом му верува.
3. немирен, палав, нескротлив
Англиски: restless Албански: i prapë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лудите дечиња шлапкаа по вировите.
Многу е луд во игрите.
4. Што се пројавува со голема сила.
Англиски: exceptional Албански: i madh, i fuqishëm
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Доживеа луд успех.
луда желба
луда смеа
луди можности
Изрази
Луда глава - неразумен, лекомислен, површен човек.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи