а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лош

лоши
Вид збор: Придавка
1. Што не е добар (во морална смисла).
Англиски: bad Албански: i keq, i ligë, i pamoralshëm
Примери:
лош човек
лоши соседи
лош карактер
2. Што е опасен, свиреп, крволочен.
Англиски: dangerous Албански: i keq, i ligë
Примери:
лоши кучиња
лоша ѕверка
3. Што не чини, што е неквалитетен.
Англиски: bad Албански: i keq
Примери:
лош пат
лоша храна
лоши производи
4. Што не е добар во својата работа, занимање и сл.
Англиски: bad Албански: i keq, i dobët
Примери:
лош работник
лош мајстор
лош ученик
лош писател
5. Што е без содржинска, естетска и друга вредност.
Англиски: bad Албански: i keq, i varfër
Примери:
лоша книга
лош роман
лош филм
лоша градба
лоша изведба
6. Што не донесува соодветна, доволна корист.
Англиски: bad Албански: i pavlerë
Примери:
лош род
лош принос
лоша зделка
7. Што навестува нешто непријатно, злокобен, несреќен.
Англиски: evil Албански: i keq
Примери:
лоша среќа
лош знак
лош глас
лош ден
8. За време - што е непријатно, опасно, тешко.
Англиски: bad Албански: i keq, i rreyikshëm
Примери:
лошо време
лоша вечер
лош ветар
лоши години
9. За болест, рана - што е тешка, опасна за живот.
Англиски: dangerous Албански: e rëndë, e keqe, e rrezikshme
Примери:
лоша болест
лоши рани
Изрази
Лоша ти е работата - во опасна положба си.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи