а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

логор

мн. логори
Вид збор: Именка, машки род
1. Место каде што привремено престојува некаков колектив (војска, извидници, спортисти, работници на изградба на некои објекти) обично под шатори.
Англиски: camp Албански: kamp, logor
Примери:
Воен логор.
Извиднички логор.
Цигански логор.
2. Местото (згради, бараки) каде што насила се доведени голем број лица заради искористување на нивниот труд или за убивање.
Англиски: jail Албански: kamp, burg
Примери:
Заробенички логор.
Концентрационен логор.
Казнен логор.
3. Привремено прифатилиште на поголем број лица настрадани од непогоди (временски и политички).
Англиски: camp Албански: kamp
Примери:
Логор на бегалци.
Собирен логор.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи