а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лови

ловат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Фаќа, убива животни во нивната природна средина.
Англиски: hunt Албански: gjuaj
Примери:
Лисицата ги ловеше кокошките.
Волкот најчесто лови ноќно време.
2. Внимателно следи нешто, настојува да фати, дофати, да добие нешто, да придобие.
Англиски: chase Албански: gjuaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го лови секој негов поглед.
Му ги ловеше грешките.
3. (се лови) Се фаќа за нешто.
Англиски: fall Албански: kapem, zihem
Примери:
Се ловеше во сопствената замка.
Изведенки
ловење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи