а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ли

Вид збор: Честичка
1. (во реторско прашање) Во прашални реченици за засилување на исказот.
Англиски: whether
Примери:
Таков ли дар ми носиш?
Така ли се договоривме?
2. За изразување колебање, сомнеж и неверување.
Примери:
Мислиш ли навистина така?
Мислиш ли да дојдеш?
Сметате ли дека треба да се продолжи со разговорите на оваа тема?
Треба ли да станеме?
И ти ли, сине Бруте?
3. Во разговорниот јазик и во народната поезија како скратена форма од дали или од или при повторувања.
Примери:
Дали си ми дворој изметила, ли си куќа исчистила, ли си јунак пречекала?
Ли ќе одам горе во меана, ли ќе одам пред нејзини порти.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи