а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

личи

личат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Сличен е со некого или со нешто.
Англиски: resemble Албански: ngjaj, përngjaj
Примери:
Личи на мајка ѝ.
Невестата личеше на самовила.
Личи на коцка.
2. Прилега, доликува, стои добро (обично во негирана форма).
Англиски: suit Албански: ngjaj
Примери:
Не му личи да се расправа со постари.
Не ѝ личи да се однесува така.
3. прилега, одговара
Англиски: suit Албански: ngjaj
Примери:
Млада е, ѝ личи да носи мини здолниште.
4. Разубавува нешто, краси, украсува.
Англиски: adorn Албански: zbukuroj
Примери:
Езерата ја личат нашата земја.
5. (си личи) Изгледа слично.
Англиски: resemble Албански: përngjaj
Примери:
Си личат еден со друг.
6. (безл.) Се чини, изгледа.
Албански: më ngjan, më duket
Примери:
Ми личи дека ќе биде добро.
Ми личи дека е тој.
7. Вика, објавува гласно некаква вест.
Англиски: proclaim Албански: shpall
Примери:
Јунакот личеше, да чуе мало и големо, да се зберат сред село.
Изведенки
личење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи