а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

личен

лични
Вид збор: Придавка
1. Што се однесува, припаѓа на одредено лице.
Англиски: personal
Примери:
личен прибор
лична карта
лично име
2. Што се однесува на поединец, граѓанин.
Англиски: individual
Примери:
лична сигурност
лична слобода
3. Што се однесува на емотивниот, внатрешниот живот на едно лице.
Англиски: private
Примери:
личен живот
лични познанства
лична омраза
4. Што има карактеристики на едно лице, личност.
Англиски: individual
Примери:
Тој остави личен белег на работата.
5. Што се остварува без посредник.
Англиски: direct
Примери:
Гласањето е лично.
Лично треба да ги поднесете документите.
6. Што се однесува на лице.
Англиски: personal
Употреба: Граматика
Примери:
Лични глаголски форми.
7. Убав, строен во ликот и пријатен за гледање.
Англиски: handsome
Примери:
личен маж
лична мома
FlexiMac
 менување на македонски глаголи