а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

литургија

мн. литургии
Вид збор: Именка, женски род
1. Главна христијанска црковна богослужба.
Англиски: liturgy Албански: liturgji
Употреба: Црковен термин
Примери:
Божиќна литургија.
Утринска литургија.
2. Црковна книга со литургиски текстови.
Англиски: liturgy Албански: liturgji
Употреба: Религија , Црковен термин
3. Збир од хорски и солистички вокални композиции што се пеат на главната богослужба; музичко дело компонирано за таква прилика.
Англиски: liturgy Албански: liturgji
Употреба: Музика и танц , Црковен термин
Изведенки
литургиски прид.
литургискиот
Што се однесува на литургија.
Пример: Литургиски зборник. Литургиски песни.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи