а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

литија

мн. литии
Вид збор: Именка, женски род
1. Во православната црква процесија од верници со свештенство како церемонијал на набожност.
Англиски: procession
Употреба: Црковен термин
Примери:
Дента имаше литија молбена, за среќа и здравје.
2. Црковен бајрак што се носи во процесија.
Англиски: banner
Употреба: Црковен термин
Примери:
Носеа црковни литии со избледени ликови на ангели.
3. Долг ред, колона.
Англиски: column
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се редеа во литија крај софра.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи