а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лиска

мн. лиски
Вид збор: Именка, женски род
1. Групи силикатни минерали со различен состав, чии кристали се наредени во тенки листови; карпа, слој земја богат со такви минерали.
Англиски: feldspar Албански: shkëmb me minerale silikati
Употреба: Геологија
2. лизарче
Албански: fije, copë
3. Слаба, неродна, каменлива земја.
Албански: tokë gurore
Употреба: Екологија , Земјоделство
4. Плоснатиот, проширениот дел на листот.
Латински: lamina Албански: fletë, gjeth
Употреба: Ботаника
5. Еден лист од цвет или билка.
Англиски: petal Албански: petal
Употреба: Ботаника
Примери:
Ветрот донесе цветни лиски, црвени и миризливи.
6. Име што се дава на домашно животно што има боја на лисица.
Албански: dhelpërushe
Примери:
Лиска е мирољубиво куче.
7. Bид водна птица, водна кокошка.
Латински: Fulica atra Англиски: coot Албански: zhytër
Употреба: Зоологија
FlexiMac
 менување на македонски глаголи