а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лисица

мн. лисици
Вид збор: Именка, женски род
1. Диво животно од родот на кучињата, со голема рунтава опашка и со изразито издолжена муцка.
Латински: vulpes vulpes Англиски: fox Албански: dhelpër
Употреба: Зоологија
Примери:
црвена лисица
поларна лисица
2. лукав, итар човек
Англиски: fox Албански: dhelpër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој е лисица, ќе те излаже.
3. обработена кожа, крзно од лисица
Англиски: fox Албански: lëkurë dhelpre
Примери:
На подот имаше послано лисица.
4. (само во мн.) Метални алки со кои cе врзуваат рацете на уапсено лице.
Англиски: handcuff Албански: pranga
Употреба: Архаизам
Примери:
Му ставија лисици и го приведоа во полиција.
5. Железен отвор на кој е прицврстен јаремот на воловска кола.
Англиски: yoke Албански: lidhje e fortë
Изведенки
1. лисиче ср.
мн. лисичиња
дем. и хип.
2. лисана ж.
мн. лисани
пејор. и аугм.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи