а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

линее

линеат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Губи свежина, венее (обично за растенија).
Англиски: wilt Албански: vyshket
Примери:
По полињата житата линееја од големата суша.
2. Губи сила, здравје, физички слабее, премалува, опаѓа.
Англиски: vanish Албански: shuhem
Примери:
Беше почнал да линее од лоша болест.
3. Губи влакно, се митари (за животно).
Англиски: moult Албански: ndërroj qime, pupla
Употреба: Зоологија
Примери:
Животните најмногу линеат напролет.
4. (се линее) се губи
Англиски: vanish Албански: shuhem
Изведенки
линеење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи