а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лиже

лижат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Поминува, допира со јазикот по некоја површина, содржина.
Англиски: lick Албански: lëpin
Примери:
Лиже прсти.
Детето лиже сладолед.
2. Допира, опфаќа, зафаќа некаква површина (за пламен, дим).
Англиски: engulf Албански: prek
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пламенот немирно трепереше и го лижеше дното од котлето.
3. Јаде малку.
Англиски: eat Албански: ushqehet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Детето само ја лиже храната, ништо не јаде.
4. (се лиже) Поминува, допира со јазик со цел да се исчисти.
Англиски: lick Албански: lëpin
Примери:
Мачето се лижеше на скалите.
5. (се лиже) Со употреба се троши, се истенчува, се аби.
Англиски: wear out Албански: hahet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чевлите (ѓонот од чевлите) ми се лижат од многу одење.
Изведенки
лижење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи