а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лета

летаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Се движи, патува по воздухот со помош на свои крила, со силата на мотор или на друг начин.
Англиски: fly Албански: fluturoj
Примери:
Ластовичките летаат на југ.
Авионот лета на недозволена висина.
2. Се движи со голема брзина, брза, трча.
Англиски: hasten Албански: nxitoj, fluturoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Леташе по улицата кон нивната куќа.
Возот леташе низ рамнината.
Изрази
Лета од радост - многу е радосен и сѐ му изгледа убаво.
Му летаат мислите - замислен е за нешто и не следи што се случува во моментот, отсутен е со мислите.
Му лета умот - сѐ уште не е созреан, не е сериозен.
Времето лета - сѐ поминува брзо и неосетно.
Сѐ што лета не се јаде - кога некој ќе се залета за нешто и ќе се излаже: не е сѐ онака како што изгледа на прв поглед.
Кој високо лета, ниско паѓа - тој што се прави многу важен поради нешто, може многу брзо да остане без тоа; не треба да се биде нескромен.
Ќе лета оттука / од работа - ќе го избркаат.
Изведенки
летање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи