а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лента

мн. ленти
Вид збор: Именка, женски род
1. Долго и релативно тесно парче од хартија, платно или од друг материјал, различно обработено според намената.
Англиски: ribbon Албански: lentë, shirit
Примери:
Од разнобојните ленти таа направи панделки.
На свеченото отворање претседателот ја пресече лентата.
лента за машина за пишување
2. Специјално долго, тесно и тенко парче пластика сместено во пластична кутија што служи за тонски или визуелни записи.
Англиски: tape Албански: lentë, shirit
Употреба: Сцена
Примери:
видео лента
филмска лента
магнетофонска лента
3. Дел од пат или од поширока улица.
Англиски: strip Албански: patekë
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
Новиот булевар ќе има по четири ленти во еден правец.
4. Подвижен елемент во фабрика со кој се пренесуваат производите од една до друга машина или од еден до друг погон.
Англиски: conveyor belt Албански: shirit
Употреба: Технологија
Примери:
бескрајна лента
подвижна лента
Изведенки
1. лентиче ср.
мн. лентичиња
дем.
2. лентичка ж.
мн. лентички
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи