а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лек

мн. лекови
Вид збор: Именка, машки род
1. Материја во форма на таблета, сируп, инјекција, маст што се користи за спречување и за совладување на определена болест.
Англиски: medicine Албански: bar, ilaç
Употреба: Медицина
Примери:
Лекарот му пропиша нови лекови.
Лек за скршено срце.
Лек против кашлање.
2. (само едн.) Тоа што помага во незгода, во непријатна тешка ситуација; спас, излез, решение.
Англиски: remedy Албански: ilaç, shërim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Отиде да го бара лекот од својот адвокат.
3. Парична единица во Република Албанија.
Албански: leku
Употреба: Економија
Изрази
Ако има век, ќе има и лек - ако му е пишано да живее долго ќе се најде лек за болеста.
Нема ни за лек - нема воопшто.
Му нема лек - нема спас, излез, нема решение за проблемот.
Тоа бил лекот - го најде решението, спасот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи