а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лежи

лежат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Се наоѓа во хоризонтална положба, испружен.
Англиски: lie Албански: shtrihem
Примери:
Лежи во сенка.
Лежи на креветот.
2. боледува
Англиски: ill Албански: shtri, i sëmurë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лежи веќе две недели од грип.
3. Издржува затворска казна.
Англиски: lie Албански: vuaj
Употреба: Правда , Преносно значење
Примери:
Има уште шест месеци да лежи од казната.
4. За умрен - погребан е.
Англиски: bury Албански: varros
Примери:
Тука лежат загинатите во земјотресот.
5. Оставен е некаде, не се користи.
Англиски: lie Албански: qëndron
Примери:
На полиците во книжарниците лежат голем број непродадени примероци од таа книга.
Во магацинот лежи големо количество неупотребен материјал.
6. Се наоѓа, сместен е, зазема некој простор.
Англиски: lie Албански: shtrihet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во подножјето на планината лежи прекрасен град.
Од двете страни на улицата лежеле стари, полусрушени куќи.
7. Се наоѓа во составот, во содржината на нешто.
Англиски: lie Албански: qëndron, gjëndet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во основата на текстовите лежи неговиот роден говор.
Изрази
Тука лежи зајакот - во тоа е суштината.
Лежи лебу да те јадам - за некој што е мрзлив.
Изведенки
лежење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи