а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

леб

мн. лебови
Вид збор: Именка, машки род
1. Основен прехранбен производ што се меси од брашно (пченично, пченкарно, 'ржено итн.) и потоа се пече.
Англиски: bread Српски: хлеб Албански: bukë Бугарски: хляб Грчки: ψωμί
Употреба: Гастрономија
Примери:
бел леб, црн леб, парче леб
домашен леб
леб и сол
2. плод, јатка
Англиски: fruit
Примери:
Пченката сѐ уште нема леб.
Лешниците немаат леб.
3. храна воопшто
Англиски: food
Употреба: Гастрономија
Примери:
Десет дена не стави леб во устата.
Изрази
Лежи лебу да те јадам - за некој што е мрзлив.
Нема леб тука - за нешто што не е перспективно, не отвора можност за егзистенција.
Си го вади лебот - сам заработува.
Му даде парче леб во раката - го научи како да заработи, му најде работа.
Му го зеде лебот - му ја зеде работата, го остави без работа.
Работи за парче леб - за малку пари, за најосновните трошоци.
Има уште многу фурни леб да јаде - уште е млад и неискусен.
Преку леб бара погача - претерува со барањата, не е задоволен со тоа што му се нуди.
Нема леб да јаде - многу е сиромав.
Изведенки
лебец м.
(едн.)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи