а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лачи

лачат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Произведува и испушта некаква материја.
Англиски: excrete Албански: tajit, sekreton
Употреба: Медицина
Примери:
Плунката ја лачат три пара плункови жлезди.
Надбубрежната жлезда лачи адреналин.
2. Одвојува едно од друго.
Англиски: separate Албански: ndaj, separon
Примери:
Овчарите ги лачат јагнињата од молзниците во мај.
Виното го лачат од комињето по четириесет дена.
Денес ќе лачиме тутун.
3. Треби, кине вторични ластари за да не му ја земат силата на растението.
Англиски: gather Албански: dlir, qëroj
Примери:
Утре ќе го лачиме лозјето.
Изведенки
лачење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи